Силно полициско присуство има вечерва на улицата Џон Кенеди во скопската населба Чаир.

На терен се присутни и специјалци, а извори на 24инфо.мк информираат дека претходно се слушале и пукотници. Неофицијално, има и повредени лица. Повеќе информации се очекуваат од МВР во текот на ноќта.

Според неофицијалните информации во моментов во бегство се лица кои се наоѓаат во автомобил марка Пасат со кумановски регистарски ознаки.

Најновите информации велат дека од огнено оружје е отворен оган кон лицето А.Б. кое се здобило со четири прострелни рани. Во тешка здравствена состојба било лицето А.В. и прерфлено е во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде се бори за живот.

Пукањето се поврзува со вооружена престрелка која се случила пред од прилика еден месец во близина на образовен објект во Чаир.

Во тек е полициска акција. На лице место има зголемено присуство на полиција и специјални сили.