Триесетгодишниот А.Ш. вечерва е повреден во судир со мигранти, што околу 20 часот се случил во трамвај во центарот на Сараево.
Како што потврдуваат од Оперативниот центар на МВР, инцидентот се случил на трамвајска постојка кај Централната банка.
Според изјави на очевидци, двајца мигранти го нападнале момчето кое пробало да се одбрани, но бил прободен во пределот на окото. Според едни извори „со тап предмет“, а според други со нож.
– Едно лице затекнавме во трамвајот, го превезовме до Клиничкиот центар. Се работи за повреди кои потсетуваат на повреда од тап предмет, изјавиле во Итна помош за Дневни аваз.
Очевидци на настанот тврдат дека била спречена поголема трагедија, кога на несреќното момче на помош му притекнале двајца патници од трамвајот.
– Во трамвајот имаше хаос. Слушав викотници, потоа врисоци. По нападот мигрантите избегаа од трамвајот и се упатија кон ББИ. Најпрво пристигна Брза помош, која го одвезе повреденото момче, а потоа и полиција. Морничаво, раскажува соговорничка за Дневни аваз.
Трамвајскиот сообраќај еден час е во прекин, додека трае увидот.
Како што е објавено, полицијата се очекува да ги искористи цнимките од видеокамерите од зградата на Централната банка, за да ги идентификува напаѓачите.