Нашето име Македонија е славно и не кореспондира со никаква придавка.

Ова е транспарентот со кој битолските навивачи го проследија вечерашниот ракометен меч меѓу Пелистер и АЕК.

Натпреварот се играше во рамки на Лигата на Европа во ракомет, а Пелистер победи со 30:19.

Во првото полувреме Грците добро се држеа и резултатот беше 10:8 за Пелистер, но во второто АЕК доживеа катастрофа со 20:11, за конечни 30:19.