Кинотеката на Македонија вечер од 20 часот премиерно ќе го прикаже рускиот филм „Собибор“ за единственото успешно масовно бегство од германски концентрациски логор во Втората светска војна.
Проекцијата е организирана во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Македонија во рамки на одбележувањето 73 години од Победата во Големата Татковинска војна.
Филмот е заснован врз настани од војната во нацистичкиот логор на смртта Собибор во окупирана Полска. Во октомври 1943 година поручникот на советската војска Александар Печерски, кој како заробеник бил во логорот, за само три недели успеал да организира бунт на затворениците од земјите на западна Европа и Полска, што е единствениот успешен бунт во нацистички логор на смртта.
Еден од најпопуларните руски филмски актери Константин Хабенски со овој филм дебитира како режисер и ја толкува улогата на Александар Печерски. Хабенски исто така е познат и по филмовите „Ноќна стража“, „Времето на првите“, „Адмирал“, а има играно и во холивудски остварувања како „Црно море“, „Баран“, „Крај на пријателството“, „Светска војна 3“.
Зошто треба да го гледате новиот руски историски филм „Собибор“
Воената драма „Собибор“ е приказна за едно успешно масовно бегство од германски концентрационен логор во Втората светска војна.
Во 2018 се навршуваат 75 години од масовното бегство од концентрациониот логот Собибор, најусопешниот обид за бегство во Втората светска војна. Новиот руски филм „Собибор“ кој ќе почне да се прикажува во домашните кина во мај е посветен на овие настани, а светската премиера беше одржана на 23 април во Варшава со оглед на тоа дека логорот се наоѓал во Полска, околу 130 километри од главниот град.
Вистински настани
На 14 октомври 1943 година затворениците кои ги предводел советскиот офицер Александар Печерски ликвидирале единаесет нацистички офицери и се обиделе да дојдат до поголемо количество оружје и да ја погубат целата стража. Откако не успеале во тоа, неколку стотина луѓе масовно бегале преку минското поле под силниот германски оган.
Поголемиот дел од нив загинале на тоа поле или во следните денови биле фатени и стрелани. Крајот на војната го дочекале само 53 затвореници на Собибор, меѓу кои и Александар Печерски (почина во деведесеттите години од минатиот век).
Сите затвореници кои одбиле да избегаат, околу 130 илјади луѓе, биле ликвидирани следниот ден. Веднаш по буната по наредба на Хајнрих Химлер, еден од идејните творци на Холокаустот, логорот е урнат, земјата била преорана и на неа биле насадени компири и зелка.
Главни улоги
Еден од најпопуларните рукски филмски актери Константин Хабенски дебитира како режисер со овој филм и ја игра улогата на Александар Печерски.
Хабенски ѝ е познат да странската публика по филмовите „Ноќна стража“, „Времето на првите“, „Адмирал“, а исто така има играно и во холивудски остварувања како што се „Црно море“, „Баран“, „Крај на пријателството“ и „Светска војна 3“.
„Филмот ‘Собибор’ е приказна за луѓе кои се принудени да рагираат во мошне сурови услови кога смртта може да дојде во секој момент. Филмот ги прикажува деталите на човековиот живот и борбата за опстанок со сите можни средства“, вели Хабенски
Главниот нацист, командантот на логорот Карл Францел ја толкува Кристофер Ламберт, познат како Конор Меклауд во „Хајлендер“ („Горштак“). „Ламберт има вистински волчји поглед“, вели за него Хабенски.