По повод државниот празник на Република Македонија, „Денот на независноста“, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи параден/маршовски концерт во центарот на Скопје, информираат од МКЦ.
– Маршовскиот концерт ќе се одржи вечерва со почеток од 18 часот. Маршутата на движење ќе се одвива од Музеј на Град Скопје кон плоштад „Македонија“, по улица „Македонија“, соопштија од МКЦ.
Градски дувачки оркестар воедно им го честита денот на независноста на сите граѓани.