Во сообраќајна несреќа при пад од трактор вчера загина 16-годишно девојче во Радовишко.

Како што соопшти МВР, на 06.09.2020 во 10.10 часот било пријавено дека на влез од радовишкото село Габревци, 16-годишна малолетничка од ова село, додека се возела на трактор „ИМТ 533“, кој бил управуван од нејзиниот дедо Ѓ.А.(60) од истото село, паднала и била прегазена од полуприколката, по што починала на местото на настанот.

Од МВР денеска информираат дека бил извршен увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Радовиш.