Легендарниот кошаркар на Мајами хит, Двејн Вејд преку социјалните мрежи му порача на Џими Батлер кој направи трансфер од Филаделфија, да заборави на дресот со број 3.

– Џими „без средно име“ Батлер. Добредојде во Мајами! Не, ти не можеш да го носиш бројот 3. Не можеш да го земеш мојот шкаф, напиша Вејд.

Батлер минатата сезона настапи на 55 натпревари за Филаделфија во регуларниот дело од сезоната во НБА лигата и оствари просек од 16,7 поени, 4,9 скока и 3,5 асистенции по натпревар. Во плејофот на 12 натпревари стигна до просек од 19,4 поени, 6,1 скока и 5,2 асистенции.