Уште едно звучно име на Винодонија 2021, ВИНАРИЈА СКОВИН ГРУПА ветерани кои учествуваа во обликување на македонската винска сцена во изминатите децении.
Сковин со сопствените плантажи кои се протегаат низ благите ридести падини во околината на Скопје, располага со богато и квалитетно портфолио на сорти грозје. Лозјата на Сковин се познати по тоа што даваат карактеристичен сензорен профил на вината кои се одраз на острите скопски зими и долгото суво топло лето.
Винодонија 2021 – ексклузивна можност да ја пробате нивната долго најавувана ракија Skovin Special, одлежана 4 години во дабови буриња.
Skovin Special е ракија со специфичен карактер. Низ сите овие години, инспирирани од традиционалните рецепти е усовршена до перфекција. Овој златен оган ве носи до уживање каде ќе заборавите на другите пијалаци. Моќно делува, ги опушта мускулите, го стоплува срцето и ја воздигнува душата. Ваш идеален пријател кога сте осамени, перфектен во друштво и неверојатен кога се споделува со љубов.
Skovin Special има длабока златно килибарна боја. Суптилно и комплексно со ноти на суви овошја, сува смоква, путер, ванила и темно чоколадо. Вкусот е кремаст со доминација на слатки зачини, суво овошје, ванила, карамел и темно чоколадо.
Наздравуваме за долгогодишната традиција!