Фолк пејачката Елена Велевска е една од поактивните корисници на социјалните мрежи, која секојдневно ги полни своите профили со нови фотосесии, песни, настапи…
Елена не е од оние јавни личности кои сакаат да ги експонираат децата пред очите на јавноста, но овој пат за промена таа реши да го открие својот совршен свет – своите слатки три дечиња.

Со нив позираше на брегот на Охридското езеро, насмеани и полни со безусловна љубов која не се купува со пари.

Елена е среќна, позната, успешна… но и богата мајка со три непроценливи злата.