Антони Бурден умре во 61-та година. Тој на нашата публика и е познат по неговите репортажи низ светот кои се емитуваа на 24 Кичен, а во кои тој на извонреден начин имаше направено спој меѓу храната во тие предели и нивната убавина.

Си Ен Ен ја објави веста претставувајќи го како нивен раскажувач, односно репортер и писател.

Според Си Ен Ен смртта е потврдена, а причината е самоубиство.

„Извонредно тажни сме, но можеме да потврдиме дека нашиот колега и пријател, Антони Бурден почина“, се вели во соопштението на куќата. “Неговата љубов кон големите авантури, стекнување нови пријатели, потоа љубовта кон фината храна и пијалоци и неверојатните приказни од светот, направија од него извонреден раскажувач и репортер“.

Тој се наоѓал во Франција каде работел на новата серија. Неговиот пријател Ерик Рипер го нашол неподвижен во негповата хотелска соба утринава.