Хирурзите во болница во Кина оперираа жена на возраст од 54 години и и отстраниле дури 7.750 камчиња од жолчната кеса. Лекарите велат дека таквата состојба е последица што пациентката „не сакала да пие вода ниту да појадува”.
Операцијата, која била спроведена во болница во градот Вухан, во централниот дел на Кина, траела три часа, а биле отстранети камења со различна форма и големина, кои лекарите ги споредија јајца од препелица или зрна грав.
Пациентката, г-ѓа Хи, вели дека пред седум години имала неколку камчиња во жолчната кеса, но дека не можела да се оперира поради високиот крвен притисок. Но, неодамна, таа добила неподнослива болка во стомакот.
Шен Занги, директор на болницата каде што беше извршена операцијата, рече дека „никогаш не видел ваков случај во својата кариера”. Тој додаде дека состојбата на пациентката била таква што можела да доведе до компликации и животна закана.
Дел од експертите веруваат дека проблемот со камења во жолчка се должи на прекумерна тежина, и дека на таква состојба се повеќе изложени луѓе постари од 40 години, оние кои се често на диета и оние кои не пијат доволно вода.
Г-ѓа Хи признава дека ретко пие вода и речиси никогаш не појадува.
Сепак, експерти од Велика Британија тврдат дека барањето на причината за формирање на камења во жолчното кесе во навиките за јадење се „чиста шпекулација”.
Д-р Џорџ Вебстер од Британската гастроентеролошка асоцијација изјави дека камењата во жолчка се честа појава во светот, но причината често е нејасна, иако може да биде поврзана со дебелината.
Во 2015 година, друг хирург беше изненаден кога извади 11.950 камења од жолчка во Индија.