Бугарскиот новинар Атанас Величков, кој 16 години живее во Република Македонија, во интервју за бугарскиот весник Труд вели дека влезот на Бугарите во Уставот на република Македонија е „прв чекор до крајот на македонизмот“.
– Влегувањето на Бугарите во Уставот е првиот чекор кон крајот на македонизмот како геостратешки проект со изразена антибугарска суштина. Тоа е она што ги плаши локалните политичари. Бугарите не постоеле на територијата на денешна РМ од 1919 година, со исклучок на периодот април 1941 – септември 1944 година. Официјално тоа беа само статистичка бројка. Иронично, ни кажаа дека сме статистичка грешка. Сто години по завршувањето на Првата светска војна и 78 години по крајот на Втората, Бугарите како најзаслужни за независноста на РМ се враќаат таму каде што им е местото, во најважниот државен акт, во Уставот. Како Бугари, родени на територијата на државата. Ова е најголемиот удар врз македонизмот, чија основа е пред се изјавата дека Бугарите се само снаи, зетови и случајно поминати граѓани на Бугарија кои основале семејства овде или се привремено преместени, вели Величков.
Величков пред 16 години доаѓа во Македонија и побара поддршка од Владата во Скопје како репресиран Македонец од Пиринска Македонија.
Целото интервју може да го прочитате ТУКА.