Шефот на кабинетот на претседателката на Косово, Вјоса Османи, Бљерим Веља, изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го признал Косово, бидејќи Србија учествувала на Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЦ), каде што лидерите на 47 земји (вклучувајќи го и Косово) беа присутни.
Бљерим Веља на платформата Х напиша дека „официјалната веб-страница на претседателот на Србија го признава Косово како независна држава учесничка на Самитот на ЕПЗ во Гранада во официјалното соопштение за учеството на Вучиќ на Самитот“.
„Всушност, Косово беше една од 47-те земји кои учествуваа на Самитот. Ти благодарам Ацо!“, напиша Веља.
На официјалната веб-страница на Претседателството на Србија се наведува дека „Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Гранада, каде лидерите на 47 земји и претставници на Европската унија разговараа за безбедноста, енергијата и други важни прашања. за континентот“.
На тој самит учествуваше и претседателката на Косово, Вјоса Османи.
Вјоса Османи на социјалните мрежи напиша дека во Гранада се сретнала со лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Грција.
„Важен разговор со францускиот претседател Емануел Макрон за најновите безбедносни случувања на Косово и нашата заедничка посветеност за одржување на мирот и стабилноста. Ја истакнав важноста Србија да биде одговорна за чинот на агресија врз нашата Република“, напиша Вјоса Османи по средбата со францускиот претседател.
Таа го отфрли предлогот на европските претставници да се сретнат со српскиот претседател Александар Вучиќ на средба во Грандада пред да бидат воведени санкции кон Србија поради неодамнешните настани на северот на Косово.