Повеќе од 5.000 деца во моментов чекаат да бидат примени во градинка. Тоа е така оти нема доволно место. Јавна тајна е дека треба да се фатат врски за да успеете вашето дете за го запишете во градинка. Зошто е тоа така и кое е решението беше нашето прашање до министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

„За жал ова е ненормално, тој вака процес на чекање трае многу долго време, ние не обвинуваме некој од вчера или завчера, трае многу долго и никој не седна системски да го реши“, изјави министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски вечерва во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

Тој вели дека решението за овој проблем го имаат и е напишано во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да ја донесеме оваа бројка на нула. Да го искористиме целосниот наш капацитет во познавање на работите во други просторни услови, нови градинки, меѓутоа ќе тргнеме во офазива“, додава Велковски.

ТВ21: Што значи многу брзо, за каков временски период разговараме?

„Ќе потрае можеби повеќе од една година, но системски ќе почнеме општина по општина. Еве ќе почнеме од Скопје каде над 600 деца чекаат да влезат во градинка“, заклучува Велковски.