И оваа година во Македонска Каменица ќе се одржи велосипедската тура „Tour de Kalimanci Lake“. Трката, како што информираат организаторите од здружението „Urban Champion“, ќе се реализира низ таканаречена „кружна“ патека околу Калиманско Езеро во должина од 36 километри.
-Пријавувањето за трката околу Калиманско Езеро започнува на 19 август и ќе трае до самиот ден на одржување на трката, 25 август 2019 година. Во рамки на велосипедската тура ќе има попатни станици за краток одмор и пунктови со освежителни пијалоци. Велосипедската тура е рангирана со средна тежина за возење, ранг 5. Учесниците кои немаат навршено 18 години, можат да учествуваат единствено со присуство на родител или старател, информираат организаторите.
Додаваат дека секој учесник кој ќе се пријави за учество на велосипедската тура задолжително треба да поседува заштитна кацига и дополнителна индивидуална опрема.
Настанот е поддржан од Општина Македонска Каменица, и според организаторите, има за цел покрај дружењето и рекреацијата на учесниците, да даде силен придонес во насока на промоција на природните убавини на Македонска Каменица и Калмиманско Езеро во функција на развој на спортот и туризмот во ова подрачје.