На интернет се појави снимка од истражниот затвор Шутка во Скопје за која се тврди дека е од моментот кога Бојан Јовановски алијас Боки 13 пристигал во затворот, објави Булевар.мк

Сепак, автентичност не е потврдена од управата на затворот во кој освен Боки 13, во притвор е и Зоки Кичеец, во врска со аферата Рекет, која ја тресе Владата на Зоран Заев.

Боки 13 веќе втор месец е во притвор откако беше фатен како изнудува рекет од бизнисменот Јордан Камчев заедно со Зоран Милески Кичеец.