Најмалку два камиона со храна и лекови за Венецуела се вратени во Колумбија од границата откако војници лојални на Николас Мадуро кон нив испукаа солзавец.

Најмалку два камиона беа запалени вчера на мостот Симон Боливар што ги поврзува двете држави откако конвој што пренесува хуманитарна помош наиде на венецуелски војници.

Подоцна, колумбиската влада им нареди на возачите на камионите со помош за Венецуела да се вратат во базите. Мирната хуманитарна кација беше прекината заради насилните акции од венецуелска страна.

Според колумбискиот министер за надворешни работи, Карлос Олмес Трухилјо, венецуелските сили за безбедност раниле 285 луѓе од кои 30 Колумбијци и 255 граѓани на Венецуела. Од нив, 37 се хоспиталлизирани. Според венецуелски медиуми, во протестите поврзани со обидот за доставување хуманитарна помош загинале најмалку две лица.