Владата на Венецуела која на американските дипломати им даде 72 часа во средата да ја напуштат државата, се предомисли и им дозволи да останат додека траат преговорите меѓу двете страни, но не подолго од 30 денови.
Министерството за внатрешни работи на Венецуела соопшти дека сега се разговара за воспоставување канцеларија за интереси на САД во таа држава и дека ќе му дозволи на персоналот на Амбасадата во Каракас да остане додека траат преговорите.
Преговорите за канцеларијата ќе бидат ограничени на 30 денови и по истекот на тој рок од Амбасадата на САД ќе мора да ја напуштат државата.
Владата на претседателот Николас Мадуро прекина дипломатски односи со САД во средата откако Вашингтон го поддржа опозицискиот лидер Хуан Гуаидо кој тој ден се самопрогласи за преоден претседател. Мадуро тогаш им даде три дена на вработените во дипломатското претставништво да ја напуштат Венецуела.