Властите во Венецуела одлучија да објават дека – 28 март, четврток, е неработен поради проблеми со недостиг од струја во поголемиот дел од земјата, објави министерот за комуникации и информации, Хорхе Родригес. Во најголем дел од Венецуела веќе трет ден по ред нема струја.

Тој рече дека се работи активно за отстранување на дефектот во националниот енергетски систем предизвикан од „најсериозен терористички чин”.

Во понеделникот министерот рече дека земјата останала без електрична енергија поради диверзија во најголемата хидроцентрала. Според лидерот на опозицијата Хуан Гваидо, прекин на електричната енергија има во 17 држави.

Претседателот Николас Мадуро рече дека причината за вториот масовен прекин на електрична енергија е предизвикан откако во дел од таа централа пукал снајперист и предизвикал пожар. Нападот е дело на „платеник, убиец испратен од страна на опозицијата која врши државен удар”, рече тој.

Претходниот голем прекин на електричната енергија беше на 7-ми март.

Лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо, ги повика граѓаните в сабота на протести против проблемите со снабдувањето со електрична енергија во земјата