На Монсанто му е наложено да исплати на Американец 80,3 милиони долари отштета откако суд одлучи дека таа компанија со свое средство за уништувње коров, Раундап, придонела кај него за развој на рак.

Сојузна порота во Сан Франциско го осуди Монсанто дека се виновни бидејќи на соодветен начин не предупредилe на опасност од развој на карцином поврзан со средството Раундап.

Минатата недела поротата одлучи дека тоа средство е клучен фактор во развојот на рак кај Едвин Хардеман од Калифорнија.

Минатата година Бајер го купи Монсанто.

Компанијата тврди дека пресудата „нема влијание на идните судски процеси и одлуки“ и најавува жалба.

Тој случај е клучен за сите останати што се водат поради Раундап во САД.

Пред неколку месеци друг суд во Калифорнија утврди дека Раундап предизвикал лимфом кај еден човек и дека Монсанто не ги предупредил корисниците за канцерогени ризици.

Раундап содржи глифосфат, најчеста состојка во средства за уништување коров (плевел) во светот. Тој хербицид нашироко се користи во земјоделието.