САД го разгледуваат украинското барање за испорака на ракети „Томахавк“, изјави синоќа американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.

Тој за „Фокс њуз“ (Fox news) изјави дека конечната одлука за тоа ќе ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара од Вашингтон да му продаде ракети „Томахавк“ на европските држави, кои потоа ќе дадат на Украина.

– Секако дека ги разгледуваме неколкуте барања на Европејците, посочи Венс.

Ракетата „Томахавк“ има дострел до 2.400 километри и боева глава од 450 килограми. Поранешниот американски претседател Џо Бајден одби да и испорача на Украина ракети „Томахавк“.

фото: Архива