Никаква цена за спроведување на некој закон не е поголема од цената на мирот и добрите меѓуетнички односи, а законот за јазиците тоа го носи, изјави вчера пратеникот на ДУИ Артан Груби во врска со мислењето на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците.

Во врска со оваа изјава денеска премиерот Зоран Заев запрашан од новинарите кое е неговото мислење, односно дали со законот за јазици навистина го обезбедува мирот во државата, Заев затекант од кажаното од страна на Груби рече дека „политичарите понекогаш знаат и да лупаат глупости“.

Само неколку часа по навредливата изјава пратеникот Артан Груби експресно му возврати на премиерот потенцирајќи дека Заев зборува за него, но и за себе.

– Очигледно изјавата на премиерот се однесува на него, затоа што зборува за себе. Сметам дека тоа е момент на саморефлексија и на зачестена самокритика која често е проследена со извинување. Лично сметам дека тоа е доблесна особина на саморефлексија и самокритика, рече Груби.