Состанок на високо ниво за договорот за жито ќе се одржи во Истанбул на 10 и 11 мај, изјави денеска рускиот заменик – министер за надворешни работи Сергеј Вершињин.
„Да, утре и задутре имаме средба на високо ниво во четирилатерален формат во Истанбул“, изјави тој за новинарите.
Москва претходно соопшти дека нема да го продолжи договорот по 18 мај, кога истекува, освен ако не се отстранат пречките за рускиот извоз на жито и ѓубрива.