Не е ништо ново дека цената на становите во Скопје постојано се зголемува, но цената на стан за продавање, за кој објава се шири на социјалните мрежи, е за рубриките „верувале или не“.
Станува збор, според објавата која се шири на социјалните мрежи, за стан од 47 м2 чија цена е четврт милион евра.
Според понудата за продажба, која вирално се шири на социјалните мрежи, е за луксузен стан во Diamond Residence во центарот на Скопје, кој има 47 метри квадратни, цената му е неверојатни 250.000 евра или повеќе од 5.000 евра за квадрат.