ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Петре Шилегов се буни, загадено му било во Скопје

/ 26.12.2021

Кратка е очигледно меморија на поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов. Откако четири години ништо во главниот град не се подобри на поле на борбата со загадениот воздух, денеска тој реши да ја нападне градоначалничката Данела Арсовска, која на функција се уште не е ниту два месеци, за проблемот со загадениот воздух.

Токму Шилегов кој на стартот на својот мандат пред четири години, самиот велеше дека проблемот со загадениот воздух не може да се реши за краток период, сега реши својот неуспех да го насочи кон новата градска администрација.

Имено, самиот Шилегов на стартот на својот мандат самиот Шилегов говореше дека битката за почист воздух мора да ја има.

-Не постои брзо решение на проблемот со амбиенталниот воздух, мора да имаме една сеопфатна борба против загаденоста, на сите фронтови како причинители, каде што се јавуваат причинителите на загаденоста. Тоа ви е затоа ви е затоплувањето на домовите, автомобилскиот сообраќај, градежната или урбаната прашина која се јавува и тука нема простор за импровизација. Тоа го зборував во кампањата, го повторувам и сега, спектакуларен брз резултат не може да има, велеше Шилегов тогаш истакнувајќи дека токму заради тоа и добар дел од кампањата и добар дел од активностите во првите 40-50 дена како што е градоначалник ги презема во таа насока.

Меѓутоа од овие зборови, по својот четиригодишен мандат денеска Шилегов реши да се жали на загадениот воздух преку објава на Фејсбук. Човекот кој четири години имаше шанса да се справи со овој голем проблем на скопјани, денеска реши преку социјалните мрежи да нападне и како да не бил на функција да се загрижи за загадениот воздух.

Реакција за овие ставови на Шилегов пристигна од Град Скопје. Од таму велат дека срамно е поранешниот градоначалник да говори за овој проблем, за кој според резултатите изгледа не презел ништо. Од таму велат дека Шилегов четири години имал шанса да стори нешто на ова поле, но наместо конкретни решенија Скопје влезе на врвот на најзагадените градови во светот.

-Токму поради тоа, уште на стартот на мандатот на градоначалничката Данела Арсовска се започна со интензивно чистење на дивите депонии, каде што се согоруваше опасен отпад и шут, кој влијае врз загадувањето на воздухот. За прв пат неселективно се изрекуваат драконски казни за загрозување на животот и здравјето на граѓаните. Во моментов се работи на целисходно системско решение од повеќе комплементарни мерки за обезбедување на повисок квалитет на живот и почист воздух, нешто што во изминатите години не беше случај и тоа резултира на континуирано загаден воздух во Скопје, информираат од Град Скопје.

Кога се во прашање проектите за справување со овој голем проблем, Град Скопје веќе започна со целосно чистење на дивите депонии, каде се согорува отпад штетен за здравјето и животот на граѓаните.

И скопјани не му останаа должни на Шилегов па преку коментари го потсетија дека и тој можел нешто да направи како градски татко. Му порачаа да се засрами и му покажаа дека не ми ги заборавиле изјавите за алпскиот воздух.


Од истата категорија