Нема доволен број на судии, а претседателката на Уставен, Добрила Кацарска вели дека изборот треба да се направи што побрзо. Но избраните судии да бидат од фелата, а не од политичките редови, додавајќи дека Уставниот суд заслужува да има професионални кои нема да гледаат кој ја поднесува иницијативата ниту пак кој член е прекршен.
„Сакам максимално да го отворам судот и тука нема да има проблеми. Во однос на изброот на новите судии, можам само едно да гарантирам не постои политичар кој што мене може да ми се јави и да ми каже како јас да одлучам за некој предмет. Во мојата досегашна долгогодишна судска работа сум го докажала тоа. Кои судии ќе ги изберат политичарите, тоа може да разговарате со претставниците од политичките партии. Се надевам и посакувам да изберат професионалци, чесни судии, на кои што воошто нема да им е битно кој е подносител на иницијативата, која одредба се оспорува и слично. Се надевам ќе имаат сенс политичарите и ќе размислат кого ќе предложат и кого ќе изберат за судии на уставниот суд.“, рече Кацарска.
За случајот „27 април“ се изнесуваат невистини. Критиката од опозицијата е секојдневна, но ниту една нереална критика која што не е заснована на факти, не допира до мене. Политиката кај мене нема влијание, рече Кацарска.
Таа пред почетокот на тркалезна маса во одговор на новинарско прашање околу изнесените критики од ВМРО-ДПМНЕ, дека за претседателка е избрана поради затворските пресуди кои ги донела за осудените во предметот за упадот во Собранието на 27 април, посочи дека станува збор за невистини поради кои се доведува во заблуда јавноста.
– Не може да стане збор за уставобранители луѓе кои влегле во Собранието, во Законодавниот дом, дом на деморкатија да се тепаат пратеници, новинари, полиција, а од друга страна да гледаме претставници на полцијата во комплетна борбена опрема како лежи на фотелјите се поздравуава и гушка со маскирани лица, мислам дека на јавноста и е доволно јасно, рече таа.
Кацарска додаде дека критиката од опозицијата е секојдневна, но ниту една нереална критика која што не е заснована на факти, не допира до неа.
– Политиката на мене не може да влијае. Нема земја во светот и нема политичар кој не сака да има влијание врз судството. Но, гарантирам и ви ветувам дека никогаш ниту еден политичар мене не може да ми каже како да работам, додаде Кацарска.