Вес Мичел, помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија во американскиот Стејт Департмент, поднесе оставка, објави „Вашингтон пост“.
Инаку, тој важеше за „архитект“ на договорот од Преспа.
Мичел лобираше за евроатлантските интеграции на Македонија, а во земјава оствари средби со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, во периодот кога се решаваше спорот за името на нашата земја со Грција.
Тој функцијата во администрацијата на Трамп ја презеде во септември 2017-та година.
Мичел соопшти дека има две големи причини за оставката, едната се вика Весли, а другата Шарлот, а тоа се неговите деца.