Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели изјави дека Косово ќе влезе во дијалог со Србија заедно со меѓународните партнери, а самиот тој нагласува дека воопшто нема желба да има врска со Белград, јави МИА од Приштина.
Весели во денешното интервју за приштинскиот портал „Индексонлајн“ истакна дека некогаш не бил во, како што го нарекува, „Белиград“ и дека на секому е јасно дека меѓу Косово и Србија „нема никаква љубов“.
Парламентарниот спикер наведе дека актуелната косовска опозиција односно тие што сега го бојкотираат дијалогот, „можеби некогаш флертувале“ со Србија.
– Нас не не фатила никаква љубов со Србија. Се знае многу јасно дека нема никаква љубов меѓу нас. Можеби некој друг, кој денес бојкотира, по малку флертувал. Никогаш во Белиград не сум бил, кажувам јавно. И никогаш не сум се зажелел да одам, изјави Весели.