Љубљанскиот весник „Словенец“ од 1903 година пишува дека „во 1903 година европската јавност презела повеќе акции во полза на Македонија“.

„Благороден потфат презеле и руските писатели меѓу кои и Лав Николаевич Толстој и Максим Горки. Тие планирале да издадат „Албум за Македонија и животот во неа“, објавува „Словенец“ во вест од 23 март 1903 година.

Во оваа објава, што ја преземаме од „Македонија вистинска приказна“ од Фејсбук натаму пишува:

„Албум за Македонија и животот во неа” на 1.500 страници имаат намера да издадат руските писатели. Ќе учествуваат и Лев Толстој и Максим Горки. Се смета дека со тоа македонските маченици ќе добијат 20.000 рубли. Исто така во полза на Македонците јавни предавања ќе се одржуваат низ цела Русија“, пишува „Словенец“.

Извор: (Slovenec, бр. 66, 23 март, 1903, стр. 4)

(Подготвил: Д. Г.)