Поранешен припадник на американските морнарички „фоки“, поточно човекот кој го уби Осама бин Ладен, доби забрана за летање со комерцијалната авионска компанија „Делта ерлајнс“, поради неносење заштитна маска.

Уште повеќе, Роберт О’Нил (44) се сликал и се пофали со тоа на Твитер.

„Не сум п**ка“, напиша О’Нил кусо до фотографијата.

По извесно време, тој во нова објава ги извести своите следачи и за забраната за летови.

Подоцна, ветеранот се шегуваше и дека тој „не е лошото момче“, туку дека го убил лошото момче.