Битолчани синоќа ја наполнија Хераклеја на концертот на хрватската музичка ѕзвезда Петар Грашо, не водејќи сметка за мерките против Ковид-19.

Голем број од посетителите беа и без маски и не држеа дистанца, гласат реакциите на социјалните мрежи, а тоа се гледа и од фотографиите од концертот во античкиот локалитет Хераклеја во Битола.

На социјалните мрежи се вртат многу фотографии на кои се гледа дека за време на концертот не биле почитувани пропишаните протоколи за јавни настани.

Ова е уште еден пример за апсурдите што се случуваат секојдневно: од една страна полемики, про и контра (онлајн) настава со пропишана дистанца и заштитни маски, а на забави олабавено и без маски и без дистанца.