КОВИД-19: Бебе од две недели е најмалиот заразен пациент во Македонија

/ 21.08.2020

Бебе кое имало само две недели е најмалиот пациент со Ковид 19 во Македонија.

Детето било примено во исклучително тешка здравствена состојба не поради Ковид 19, туку поради компликации што детето ги добило по обрежување, објави Канал 5.

По првата помош што му била дадена на детска хирургија детето било примено на клиниката за детски болести. Откако се стабилизирало заминало во ковид центарот во Козле и денеска е во добра здравствена состојба.

Со овој случај се отвора прашањето како ќе функционира оваа клиника во време на Ковид 19, со отворањето на системот „мој термин“.

Директорката на болницата објасни дека прегледите кај специјалистите ќе бидат во две ординации, а итните случаи ќе се третираат во монтажниот објект пред болницата. Деца кои имаат тешки здравствени проблеми, а притоа се покажа дека имаат Ковид 19 ќе бидат сместени во клиниката, но во посебно изолирани соби.

Доктор Алулоска апелира доколку децата се со температура, кашлица симптоми слични на ковид 19 да се обратат прво кај матичниот доктор.


Од истата категорија