Фразеолошки речник на вевчанскиот говор
Керстено вино. Вино помешано со вода.
Фате сини вирој. Побегна далеку.
Жива вистина. Вистинска случка.
Се витроса негде. Замина во непознат правец.
Негвата је три Влајнки да го тожет. Во голема невола е.
Бијет вода в аван. Си го мати умот, има грижи.
Водата спијет тој не спијет. Многу работлив.
Момена вода да пијет. Клетва.
Напраен је жива вода. Испотен је.
Немат вода во очине. Многу е сиромашен.
Отје по вода. Отиде неповратно, пропадна.
Пуштат вода под рогуз. Подбуцнува, се шегува.
Ќа се прет жива вода. 1. Ќе се тепаат. 2. Ќе водат љубов.
Мелит како празна водејнца (со устана). Зборува глупости.
Нит’се водит, нит’се терат. Неразбран, своеглав човек.
Млачка војца. Се вели за некој што е мирен, попустлив, толерантен.
Ќа се телит вол на ледина. Ќе се случи нешто несекојдневно и необично.
Чуму му се тру волој н’орање. Бара нешто повеќе.
Волк(от) го турил. Клетва. (Да го јади волкот).
Му отје на волкот в уста. Се најде во рацете на непријателот.
Волквата. (Бошк.) Грабна и понегна.
Цепит вошка по кориз. Се велит за некој кој е голем ситничар.
Вратот да му паднит. Клетва (Да не се вратит повеќе никогаш од каде што заминал.)
Не по врат, (тук’) по шија. Станува збор за една иста работа.
Е фате вратана. Избркан е.
Фатија вратана. Оди си.
Ворвца му е. Го страв.
Му врогна во глата. Науми нешто.
Го втилоса. (Бошк.) Го продаде.
Валкан му е газон. (Вулг.) Посрамотен е, не е чесен.
Гезон ќе му го јајт. (Вулг.) Ништо не му може.
Гес – војвода. (Вулг.) Ненасистен во јадење.
Гес и гашти. (Вулг.) неразделни се.
Гес никваш не велит доста. Гес никваш немат наситвачка. (Вулг.) Лакомост, ненаситност.
Гес – пајнца. (Вулг) Вулгарно се изразува.
Гес прекугла. (Вулг.) Наопаку.
Да си го јајт гезон со лук. (Вулг.) Се вели за оној кој бара отповеќе.
Од умрен барат топол гес. (Вулг.) Бара нешто невозможно.
Посран му је гезон. (Вулг.) Посрамотее не е чесен.
Само за гезој прење је. (Вулг.) Јадењето му е поважно од се друго.
Така је ко ќа го дајт гезон под кирија. (Вулг.) Мора да е трпелив.
Цимогезе. Плачко.
Гезум – гезум. Оди назадечки.
Други му го берит гајлето. Загрижен е.
Свој леб јајт, чуждо гајле берит. Се меша во туѓи работи.
Голема гебајца је. Настојчив, досаден човек.
Гла буква. Тврдоглав.
Гла не вортит. 1. не го интересира. 2. Лут е не сака да разговара.
Гла не креват. 1. Болен е. 2. Презафетен со работа.
Глата му е топан. Има главоболка.
Глата му пукат. 1. Има главоболка. 2. Го мачи некој проблем.
Глата скината (од некого). Многу (си) личи (на некого).
Голема гла е. Има висок положај.
До гла и преку гла, (му дојде). Многу му досади.
За таја гла малу (му) е. Треба повеќе да пати.
И на ваши глај (да си дочекаме).
И на твоја гла (да си дочекаме). Благослов што се дава ма младите момчиња и девојки при свршувачка или свадба.
Керши (скерши) глата. Се вели за некој кој не е посакуван во друштво.
Крена гла. 1. Закрепна од некоја болес. 2. Закрепна финансиски или материјално. 3. Се побуни.
Му бучит во глата. Има главоболка (обично после опивање).
Му го истај умот. Му досади со зборување.
Му дојде до гла (и преку гла). Многу му досади.
Му дуна во глата. 1. Му текна нешто. 2. Одлучи набрзина.
Му је пукна глата. Многу му досади.
Му је скина глата како на врапче. Лесно го уби, му ја отсече главата.
Му летна (отје) глата. 1.Закана за убиство. 2. Го уби.
Му се вортит во глата. Има вртоглавица.
Му се мотнит во глата. Има главоболка.
Нагланашија. Набрзина.
На глава му седит, на брада му пордит. Се вели за некој кој мора да се трпи.
Не сакат да чует ни за жива гла. Не е согласен по никоја цена.
Не си је знајт ке му е глата. 1. Расеан е. 2. Презафатен е со обврски.
Отје глата. Закана со убиство..
Плате со гла. Плати со живот, убиен е.
Си бијет глата сега. Се кае.
Си ја изеде глата (сам). Сам е виновен за сопствената смрт.
Си ја пикат (редит) глана в торба. Се изложува на опасност по живот.
Си ја пикат (воринат) глана кеш не му је земат (берит). Однапред треба да се процени сопствената можност.
Си ја скерше глата. Скерше гла. Си замина оттука.
Си ја цепит глата. Размислува; решава некаков проблем.
Спроти гла му је. Прави нешто што може да му донесе непријатност.
Турен је во глата. Повредена му је главата.
Штракосан је по гла. Удрен је по глава.
Од книгата „Диференцијален речник на вевчанскиот говор“, од Анастас Ќушкоски, Вевчани 2009 г. (Подготви Марко Китевски)