На автопатот Петровец – Скопје, клучка Кадино денеска во 10 часот во организација на Министерството за внатрешни работи се изведува симулациска вежба, поради што на овој дел од од автопатот има ограничен режим на сообраќај.
МВР апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници со цел безбедно одвивање на сообраќајот.