Некогаш се случува резултатите од напорното вежбање да изостанат. Сепак, тоа е само привремено, а Тим Олдсон, професор на Универзитетот „Саут Австралија“ објаснува за што може да стане збор.

Повеќе вежбате, но повеќе и јадете

Ако јадете или пиете сокови повеќе додека вежбате не можете да ослебете. Неодамнешните истражувања покажуваат дека жените се склони кон тоа да се наградуваат по вежбањето.

Малку сте активни

Можеби сте помалку активни иако вежбате. Мислите дека тоа е доволно, па често седите пред ТВ. За дополнителна потрушувачка на енергија бидете активни за време на денот, шетајте, работете по дома.

Метаболизмот во мирување се забавува

Една од несреќните нуспојави во губењето на телесната тежина е одморање на метаболизмот во мирување, вели Олдсон.

Добивате мускулна маса

Можеби имате повеќе мускулна маса па затоа и килажата останува иста. Постои правило дека со вежбање се губат 75 отсто од маснотиите, а 25 проценти станува мускулна маса. Тоа може да се подобри со вклучување на тегови за време на вежбањето.