Индонезија и Русија денеска ги започнаа своите први заеднички поморски вежби, додека претседателот на архипелагот на Југоисточна Азија се обидува да ја зајакне улогата на Џакарта на светската сцена.
Петдневните вежби ќе се одржат во две фази во Источна Јава, каде Русија треба да испрати три корвети, танкер, воен хеликоптер и реморкер.
Како што пренесуваат локалните медиуми во Индонезија, руските бродови вчера биле пречекани со фамфари во пристаништето Субраја, на еден ден пред почетокот на вежбите.
Џакарта долго време водеше неутрална надворешна политика, одбивајќи да заземе јасна страна во војната меѓу Русија и Украина или да избере помеѓу Кина и САД, двете ривалски суперсили.
Новиот претседател на земјата, Прабово Субјанто, повика на зајакнување на врските со Москва и покрај притисокот од Западот.
Индонезија има милијарди долари трговски врски со Русија, но нејзиниот увоз на оружје стагнира во последниве години, според Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (Сипри), по санкциите на Западот воведени кон Русија по инвазијата на Крим и Украина во 2022 година. Сепак, Прабаво Субјанто го задржа потенцијалниот договор од 1,1 милијарда долари за руски борбени авиони, склучен во 2018 година, и покрај заканата од САД со санкции.
фото:ЕПА