Бесправна држава, примитивно општество во кое владеат локални шерифи – резултатот е оваа бруталност на која сведочат денес жителите на градот Струга. Манијак, личност што не може да се нарече човек охрабрен од нефункционалните институции и распадот на системот во оваа држава одлучил утрово да посегне по животот на десетици маалски и домашни миленици со пушка. Ладнокрвно ја пролеал нивната невина крв низ улиците на Струга, велат од Анима Мунди.
– И како да не е убиство, како да не е загрозување на јавна безбедност и како да нема закони во оваа држава ниту пак институции една служба што навидум личи на комунална ги собира лешевите на невините животни за да ги фрли во депонија, подалеку од сечии очи со очигледна цел да се прикрие ова громорозно убиство, се вели во објавата.
Го прашуваме, се додава натаму во реакцијата, Министерство за внатрешни работи дали овој случај, еден од стотици досега видени ке ја добие правдата?
– Дали Агенцијата за храна и ветеринарство конечно ке се разбуди од зимскиот сон и празничното расположение и ке ги заштити овие животни како што впрочем и пропишува законот во нивна надлежност? Апелираме до надлежните институции веднаш да ги преземат сите дејствија за сторителот да биде пронајден и кривично да одговара за ова масовно убиство! Никој нема за право да одзима нечиј живот, никој нема право со пушка во раце да пролее невина крв, безмилосно да убие и да помине неказнето, соопштуваат од Анима Мунди.
Видеото, кое е вонемирувачко, може да го отворите ТУКА.