Ни требаат 60.000 фунти за спас на мама, објавија 5-годишната Емили и 8-годишниот Антони, кои молат за донации неопходни за операцијата за спас на нивната мајка Соња, пишува „Телевизија стар“.
– Соња е 36- годишна штипјанка, мајка, сопруга, ќерка, сестра, но и очеан пациент во напредна фаза на канцер. Три операции во Англија, Бугарија и Германија, не успеаја да ја оттргнат злокобната болест од нејзиното тело. Започнат од јајниците, префрлен на дебелото, а сега и на тенките црева, ракот кај Соња никако да се повлече. Поминаа три месеци и пак се повтори. Мораше да оди во Бугарија бидејќи во Англија не се нафатија. Плативме 6.000 евра но пак ништо, изјави Велика Митева.
Операцијата во Германија чини 120.000 евра. Семејството на Соња си го продаде целиот имот за лекување на болната ќерка, но се собраа само половина од парите.
– Имавме една куќа во населбата Станица и моравме да ја продадеме за да помогнеме. Помош имавме и од комшии, од пријатели, изјави Велика Митева, мајка на Соња
– Ние плативме 60.000 евра, а сумата е 120.000 евра. За останатите 60 бараме помош, вели Иле Митев, татко на Соња.
Соња во моментов е во болницата во Германија, со надеж и желба за живот и поглед свртен кон нејзино семејство, но и родниот Штип и Македонија. Одовде ја чека за неа неопходната помош која живот значи.
Досега на интернет биле собрани само 933 фунти, што е незначителен еден отсто од потребната сума.
Сите што можат и сакаат да помогнат за спас на Соња, можат тоа да го сторат со уплата на сметката 530500022024777 Охридска банка.