Небесниот спектакл на целосно затемнување на Сонцето ја воодушеви Јужна Америка, а сè тоа го следеа илјадници луѓе.
Затемнувањето почна над Тихиот Океан, а појасот на видливоста се движеше над Чиле и Аргентина. Оние кои го следеа помрачувањето, можеа да уживаат во сите фази на оваа појава, проследена со несекојдневни светлосни ефекти.
Притоа, единственото место на Земјата коешто беше целосно во мрак скоро три минути, е ненаселениот остров Оен.
Инаку, ова јулско помрачување е едно од четирите сончеви за годинава. Досега имаше делумно затемнување на 6 јануари, целосно затемнување на 21 јануари, а уште едно следи на 26 декември.