За 6 години изградба на автопатот од Скопје кон Блаце изградени се само 2 километри од патот кој не води никаде, се вели во прилогот на ТВ 21 за „сообраќајниот споменик“ што претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ им го остави како наследство на граѓаните на Македонија.
Чочекот за свечено пуштање во употреба е ветуван повеќе пати и исто толку одложуван, за 2-та километри за кои се платени милионски суми евра. Како се градело сведочи и незавршената експропријација на земјата за која претставници на претходната власт ветувале 10 пати повисоки суми од таа што им се нуди на граѓаните.
– Не сме задоволни од цената од 4 евра колку што чини кутија цигари. Ние прифативме кога Бујар Османи ни вети дека ќе ни се плаќа по 10-50 евра за метар квадратен, но тоа беше измама, изјави за ТВ 21 граѓанин кој е засегант од експропријацијата.
За овој дел од автопатот од 2 км досега се платени 24 милиони евра.
Целата објава може да ја погледнете во видеото од прилогот на ТВ 21.