По вчерашното обвинување од американскиот претседател Џозеф Бајден за рускиот претседател Владимир Путин, кого го нарече „воен злосторник“, шефот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, рече дека Бајден е „воен злосторник“.
Рогозин објави и видео во кое претседателот на САД, тврди дека тој го предложил бомбардирањето на Белград во 1999 година.
– На работ од својот гроб, овој крвав старец мора да се сеќава на неговите злосторства, илјадниците цивили што ги уби, рече началникот Рогозин.
На видеото се гледа и слуша гласот на Бајден кој се фали дека токму тој предложил бомбардирање на главниот град на тогашна СР Југославија.
– Јас предложив бомбардирање на Белград, им предложив на американските пилоти да одат таму и да ги уништат сите мостови на Дрина…, вели Бајден во видеото.
Тој вчера изјави дека Путин е „воен злосторник“ поради инвазијата што ја започна врз Украина. Тоа е прва таква квалификација од Бајден за Путин откако Русија почна со инвазија врз Украина.
-Тој е воен злосторник, изјави Бајден пред новинарите во обраќањето во Белата куќа.
Тој, исто така, го обвини рускиот претседател за „силно уништување во Украина“.
Видеото може да го погледнете ТУКА.