Со гол постигнат во самиот финиш, македонскиот репрезентативец Енис Барди му донесе победа на својот тим Леванте попладнево на гостински терен кај Гранада.

Леванте победи со 2:1, а покрај Леванте за гостите погоди и Рубен Рочина во 55. минута, додека стрелец на погодокот за домашниот тим беше Дарвин Мачис.

Со новите три бода Леванте има 23 бода по 17 кола и во моментов е на 11. место.

Гранада со 24 бода е на 9. место во очекување на другите средби од 17-та рунда во шпанската Примера.