Бранителот на трофејот во Бундеслигата, тимот на Баерн Минхен попладнево го победи Вердер со убедливи 6:1 и на најдобар начин ја прекина мини-серијата од два пораза по ред.

Хет-трик забележа Кутињо, два пати погоди Роберт Левандовски, а еднаш во листата на стрелците се запиша Томас Милер.

Единствениот погодок за гостите беше дело на Милот Рашица.

Ова беше натпревар од 15. коло од германскиот фудбалски шампионат. Баерн со 27 бода во моментов е на 4. место, додека Вердер со 14 бода е на 15. позиција. Лидер е Борусија Менхенгладбах со 31 бод и натпревар помалку, додека Лајпциг е втор со 30 исто така од 14 средби. Пред Баерн е и Борусија Менхенгладбах со 29 бода.