Ливерпул и натаму со десет бодови предност пред Лестер

/ 14.12.2019

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп по денешниот триумф (2:0) над Вотфорд во 17. коло од англиската Премиер лига рече дека е задоволен од победата, иако неговите избраници не се прикажаа во најдобро светло.

-Не е нашата најубава игра, но јас сум повеќе од задоволен. Во оваа фаза, потребно е да се демонстрира стабилност, и верувам дека денес тоа го сторивме. Имаме многу натпревари, но добро сме. Вотфорд имаше шанси, но ние ги реализиравме нашите. Можевме да ја направиме играта полесна за себе, но ја имавме контролата и бевме многи рационални, изјави Клоп.

Ливерпул е лидер во Англиското фудбалско првенство со 49 бода, пред Лестер кој има 39 и Манчестер сити со 32 и натпревар помалку.


Од истата категорија