Екипата на Наполи доживеа пораз од Парма со 2:1 вечерва на домашен терен во натпревар од 16. коло од шампионатот на Италија. На овој натпревар на тренерското место кај „наполитанците“ дебитираше Џенаро Гатузо.

Најдобар играч на натпреварот беше Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулешевски кој беше стрелец на првиот гол за Парма и асистираше при вториот погодок во третата минута од судиското надополнување.

Голот за Наполи го постигна Аркадиуш Милик во 64. минута за во тој момент израмнување на резултатот.