Раководството на шпанскиот фудбалски клуб Барселона изрази незадоволство од делењето на правдата на денешниот дуел со Реал Сосиедад од 17. коло од првенството на Шпанија против Реал Сосиедад (2:2).

Претседателот на каталонскиот клуб Жозеф Бартомеу, ќе испрати официјална жалба до Шпанската фудбалска федерација за употреба на ВАР, пренесува „Диарио Спорт“.

Во последните минути од играта, главниот судија Хавиер Алберола Рохас не досуди пенал во корист на Барселона, кога дефанзивецот на каталонскиот клуб Жерард Пике во шеснаесетникот беше повлечен од еден домашен играч.

Судијата не се одлучи преку ВАР системот да ја разгледа спорната ситуација.