Министерот за економија Крешник Бектеши тврди дека ниту тој ниту било кој од Владата посредувал во разговорите меѓу жителите на Слупчане и ЕВН и дека не знае што се преговарало овие денови. ВМРО-ДПМНЕ само шири лажни вести, рече Бектеши и додаде дека жителите на Слупчане биле чесни граѓани и придонесувале повеќе за државата од самата опозиција. Загубите на струја се многу помали од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ рече Бектеши.
– Ние сме за да се почитуваат целосно законите во нашата држава и да не направиме поделби и да ја тераме проблематиката во насока на етнички поделби, регионални поделби или пак слично, зашто тие жители се чесни, домаќини и значи како секој граѓанин живеат во оваа држава и ги преземаат и обврските и даваат придонес а најверојатно овие локации многу поголем придонес даваат од ВМРО-ДПМНЕ, рече Бектеши.
Претходно од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараа од Владата и од Бектеши да одговорат што е договарано за струјата во Слупчане.