Тепачка за ќебапи се случи денеска во Србија во супермаркет на Лидл, кој со години работи во овваа соседна земја.

Денеска во белградската населба Борча настана хаос и невидена тепачка на постари муштерии, поради пониската цена на ќебапите.

На социјалните мрежи е објавена снимка од тепачката на пензионерите, а на неа се гледа како една постара жена се обидува да земе пакет ќебапи додека во исто време ги спречува другите да земат.

– Поради промотивната цена се собраа голем број српски граѓани, која предизвика хаос. Не се гледа кој што и колку пакети зема, луѓето викаат, се туркаат, а жена во еден момент дури со горниот дел од телото „влегла“ во фрижидерот за да ги одбрани пакувањата што сакала да ги земе, пишуваат српските медиуми.

Промотивната цена на ќебапите завршува денеска, а цената за килограм е 319,99 динари. Акцијата започна во четвртокот на 23 март, а завршува денеска, поради што настана мешаницата и тепачката.

– Госпоѓо, госпоѓо ве молам… Ќе повикаме обезбедување, ова нема смисла, е коментаротот на една жена среде тепачката.

Додеска ова се случува голем број срспки граѓани стојат надвор и чекаат да влезат и се обидуваат да се изборат за ќебапи.

Видеото може да го отворите ТУКА.