Големите штркови гнезда, поставени долж патиштата, високо на електричните столбови се честа слика речиси низ сите делови на држвата од рана пролет па се до последните топли денови во есента.

Враќањето на штрковите меѓу јавноста во Македонија се смета за неофицијален почеток на пролетта. Тие, заедно со ластовичките се првите знаци дека ладните зимски месеци завршуват и почнува новата сезона.

Иако нивното враќање во нашите краишта народски се поврзува со празникот Благовец, низ Пелагониските села веќе може да се види нивното присуство.

Фотографиите се направени денеска од прилепско Беровци, каде овие благородни птици веќе се вратени во своите домови.

Ќе признаете, поубав прилепски пар досега не сте виделе.

Извор: Маркукуле