Денес на социјалните мрежи масовно се споделува видео на кое се гледа како поголема група на луѓе, прво бркаат машко лице по улиците во Струмица, а кога ќе го фатат, брутално започнуваат да го тепаат.
Човекот паѓа на земја, се слушаат викотници, а голем број на граѓани го гледаат настанот од своите тераси, додека нападнатиот вика од болка.
Според коментарите објавени на страницата „Струмица онлајн“, под видеото, настанот се случил денес.
Видеото во продолжение е со ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА
Вакво брутално претепување треба да биде најстрого казнето, но остава и простор за сомнеж дека насилниците се луѓе под нечија заштита кои очекуваат дека нема да бидат казнети за стореното, додава скопски Курир. Според начинот на кој крвнички се однесуваат, изгледа како да не им е прв пат вака да прават, а штом се на слобода, јасно е дека не биле ни казнети до сега.
На социјалните мрежи се коментира дека обезбедувањето на СДСМ е тоа кое тепа граѓани во Струмица. Граѓаните, пак, коментираат дека силата на ваквите насилници им ја дава токму власта, која ги остава неказнети.